Повреда или нешто друго: Покетино го замени Меси на полувремето од мечот со Лил

ПСЖ губи по првото полувреме на мечот со Лил, 45 минути во кои Лионел Меси повторно потфрли во рамките од францускиот шампионат.

Аргентинецот се уште е без гол во француското првенство, а Маурицио Покетино уште на паузата меѓу двете полувремиња реши да го повлече Меси од игра.

Неизвесно е дали станува збор за повреда на аргентинскиот генијалец или за тактичка замисла на незадоволниот тренер, кој на негово место реши да го внесе Мауро Икарди.

Покетино го навлече бесот на управата кога го повлече Меси од игра на дербито со Лион, па иако ПСЖ го крајот стигна до победа во фокусот на јавноста беше незадоволството на аргентинскиот репрезентативец. Останува по мечот да се види кои се причините за замената на полувремето на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...