Ливерпул влезе во нова победничка низа во Премиерлигата откако славеше со 1-2 во дербито на 17. коло против Тотенхем во драматичен натпревар кој го одбележаа два црвени картони за домаќините, како и повреда на Александар Исак.
Тотенхем остана со фудбалер помалку уште во 33. минута од средбата на Симонс му беше покажан директен црвен картон, но до предност Ливерпул стигна дури во 56. минута кога Исак ја затресе противничката мрежа, но со голот пех бидејќи шведскиот голгетер заработи тешка повреда и мораше веднаш да го напушти теренот.
Во 66. минута Ливерпул стигна до вториот гол на средбата преку Екитике, а во 83. минута Ричарлисон успеа да ја намали негативата на 2-1.
Во судиското продолжение на второто полувреме Ромеро го доби својот втор жолт картон оставајќи мали шанси за камбек со два фудбалери помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

