Повреда во ракометната репрезентација пред „контролата“ со Израел

Македонската ракометна репрезентација се соочи со првиот проблем со повреда од стартот на подготовките, откако непосредно пред почетокот на дуелот со Израел повреда заработи Марко Митев.

Младиот бек на Бутел се загреваше со остатокот од репрезентативците во пресрет на почетокот на средбата,  кога се пожали на болка во пределот на скочниот зглоб и со помош на лекарскиот тим мораше да го напушти теренот.

Тој зад клупата за резерви ја следи денешната средба, а деталните лекарски прегледи ќе покажат дали Митев ќе може да настапува за Македонија на ЕП 2022, што стартува за десет дена во Дебрецин.

На денешниот дуел во составот на Македонија го нема ниту Жарко Пешевски.

Се вчитува...