Повредата е минато: Демба Ба подготвен за камбек

На градското дерби помеѓу Пангај Шенхуа и Шангај СИПГ Демба Ба доживеа страшна повреда на ногата. Во дуел со Сун Чијанг, напаѓачот ја скрши десната потколеница на неколку места што значеше пауза од најмалку една година. Иако тоа започна низа шпекулации дека Сенегалецот ќе стави крај на својата кариера, сепак Ба не се откажа од својата професија.

По пауза од седум месеци, Демба Ба е подготвен да му се врати на фудбалот и тоа во Бешикташ, клубот каде играше пред две сезони. Раководството на кинескиот клуб не е задоволно што мора да го плаќа Ба, кој зазема место како странец во тамошното првенство па одлучу да го пушти да си замине.

Сенегалскиот фудбалер ги помина сите медицински прегледи во Истанбул, а се очекува само официјална потврда. Ба ќе се врати во Бешикташ како позајмен играч, а на тимот ќе му се приклучи за три седмици откако ќе мине уште една сесија рехабилитација во Америка.

Се вчитува...