Повредата е минато – Ѓоковиќ преку Раониќ до четвртфинале на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ја надмина повредата на колкот од дуелот со Тејлор Фриц и успеа да обезбеди четвртфинале на првиот грандслам во сезоната, Австралија опен, откако во осминафиналето славеше над Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-1, по сетови (7-6, 4-6, 6-1 и 6-4).

Во првите два сета видовме вистинска борба во која двајцата тенисери си поделија по еден сет, но во последните два се се движеше во една насока за нов триумф на првиот рекет на светот.

Ова за Србинот беше јубилејна 300 победа во кариерата на грандслам турнирите.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Германецот, Александар Зверев кој со максимални 3-0 беше подобар од Душан Лајовиќ.

Се вчитува...