Повредата е минато: Петар Петковски веќе конкурира за настап за Ботошани

Кон крајот на минатата година, македонскиот интернационале Петар Петковски заработи повреда на лигаментите на зглобот на ногата, поради што мораше да прави и операција. После речиси два месеци, Петковски се врати во таборот на Ботошоани.

Повредата е минато за крилниот фудбалер, кој вчера беше во комбинација за настап за романскиот тим на гостувањето кај Чиндиа, но остана на клупата за резерви и не доби шанса.

Последен пат Петковски за Ботошани настапи на 6. декември, и после 10 минути мораше да го напушти теренот поради повредата. Пропушти осум натпревари за својот тим, и сега, конечно може да чека шанса да настапи во пролетниот дел.

Инаку оваа ситуација е подобра од првичните прогнози, кои беа дека Петковски дури ќе мора да паузира до крајот на сезоната.

Се вчитува...