Повредата е минато: Се враќа Усман Дембеле

Во таборот на ПСЖ има причина за големо задоволство откако Усман Дембеле конечно доби зелено светло од лекарскиот тим на „светците“ за да му се стави на располагање на тренерот Луис Енрике.

Одличниот офанзивец се повреди при настап за француската репрезентација на 5 септември, по што месец и половина беше надвор од терените. Тој не беше ниту на клупата за резерви на петочното реми со Стразбур, но во меѓувреме треиираше со остатокот од тимот и ќе му биде на располагање на Енрике во наредниот период.

Француските медиуми најавуваат дека Дембеле ќе патува со екипата за гостувањето против Баер Леверкузен од третото коло во Лигата на шампионите, се очекува тој да влезе во игра во второто полувреме од овој меч, а потоа да биде стартер наредниот викенд во француското првенство, на гостувањето против Брест.

Се вчитува...