Повредата е сериозна, Халеп „во аут“ до 2019 година

Прворангираната светска тенисерка, Симона Халеп, нема да може да се врати на терените до крајот на оваа календарска година откако деталните прегледи донесоа и лоши вести за неа. Таа се откажа од мечот во првото коло во Пекинг поради болки во грбот, по што беше утврдено дека станува збор за непријатна повреда.

Прегледите покажаа дека имам дискус хернија. Во следните денови ќе разговарам со лекарите“ – кратко соопшти Романката.

Завршниот турнир во женска конкуренција е на програмата во Сингапур во периодот од 21 до 28 октомври, па речиси неверојатно е дека Халеп целосно ќе ја санира својата повреда за да може да се носи со останатите тенисерки од самата елита. Многу поверојатно е дека таа ќе го искористи периодот до крајот на годинава за целосна рехабилитација, за потоа максимално подготвена да влезе во предизвиците во 2019 година.

Се вчитува...