Повредата е сериозна, Иванишевиќ откри кога Ѓоковиќ ќе се врати на терен

Новак Ѓоковиќ го освои својот деветти Австралија опен пред осум дена, а оттогаш се шпекулира кога повторно би можеле да го видиме Србинот на теренот. Судејќи според зборовите на тренерот, Горан Иванишевиќ, вестите не се многу добри за Ноле.

Најдобриот тенисер на светот доживеа повреда на абдоминален мускул во 3. коло на Австралија опен, но и покрај повредата, тој успеа да го одигра целиот турнир и да го освои 18-от Грен слам во кариерата. Сега, неговиот тренер Иванишевиќ зборуваше за деталите на неговата повреда.

“Реално е дека Новак ќе биде еден месец надвор од теренот. Сè зависи од состојбата на повредата, но нема потреба да се брза со учество на турнири”, рече Иванишевиќ за ‘Тенис мајорс’.

Иванишевиќ кажа дека светскиот рекет број еден ќе има нов преглед наскоро, па тогаш ќе се знае точно неговата здравствена состојба.

“Прегледот е за две недели, ќе видиме. Нема потреба од никаков ризик. Сакам тој да биде целосно подготвен за да се обиде да ја нападне титулата на Ролан Гарос”, прецизира Иванишевиќ.

Ова сигурно е тажна вест за фановите на тенисот, со оглед на тоа што Ѓоковиќ со сигурност ќе пропушти турнирот од Мастерс серијата 1000 во Мајами.

Се вчитува...