Повредата на Белоти не е сериозна, експресен кам-бек на терените

Синиша Михајловиќ може да здивна откако беше обелоденето дека повредата на Андреа Белоти не е сериозна и најдобриот фудбалер на Торино ќе може набрзо да се врати на терените.

„Торинезите“ стравуваа дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото и крај на сезоната на голгетерот, но деталните прегледи покажаа дека лигаментите се само истегнати.

Прегледи ја исклучија можноста за повреда на лигаментите или на менискусот“ – соопштија од медицинскиот тим на Торино.

Голгетерот ќе го пропушти дуелот со Џенова на 30 декември, како и претстојниот меч од Купот на Италија против Јувентус на 3 јануари, но се очекува наскоро потоа да му се стави на располагање на тренерот Михајловиќ.

Се вчитува...