Повредата на Трајковски денеска на „скенер“

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Александар Трајковски не се наигра на синоќешниот натпревар против Австрија. Се повреди речиси во првата минута, а во 13. и дефинитивно не можеше да продолжи и беше заменет од Влатко Стојановски. Заработи повреда на скочниот зглоб и неизвесно е дали ќе може да помогне против Израел.

Во текот на денешниот ден, по враќањето на националниот тим во Скопје, Александар Трајковски ќе замине на детални лекарски прегледи по што ќе биде јасно за каква повреда станува збор. Не е дисторзија од највисок степен, со оглед дека напаѓачот уште синоќа можеше да чекори, но јасно е и дека чувствува одредена болка.

Подобро се чувствува и капитенот Горан Пандев кој поради вирусна инфекција и истоштеност не играше против Австрија. Се очекува тој да го предводи националниот тим на мечот во вторник против Израел, со кој се затвора циклусот квалификации за ЕВРО 2020.

Се вчитува...