Повредата не е наивна: Елмас го пропушта Емполи

Елиф Елмас ќе мора да го пропушти утрешниот натпревар што Наполи ќе го игра против екипата на Емполи, откако македонскиот репрезентативец не успеа да се рехабилитира навреме од повредата што го мачеше во изминатите денови.

Откако вчера беше објавено дека Елмас влече незгодна повреда, македонскиот „дијамант“ ниту денеска не тренираше со остатокот од тимот, по што очекувано неговото име не се најде на листата на патници за гостувањето во Емполи.

Спалети се соочува со сериозни проблеми бидејќи неколкумина фудбалери за врска на Наполи се повредени, па нема преголем простор за маневар во обид да ја прекине серијата слаби игри и резултати и да ги врати „наполитанците“ во борбата за скудетото.

Се вчитува...