Повредите се повеќе го оддалечуваат од тенисот, Вавринка се откажа и од Вимблдон

Трикратниот шампион на Гранд слам турнирите, Стен Вавринка се повлече од Вимблдон поради здравствени проблеми, што го принудија да се откаже и од Ролан Гарос. Станува збор за повреда на стапалото, а 36-годишниот тенисер веќе имаше операција на почетокот на оваа година.

Поранешниот трет тенисер на светот не е дел од АТП турнејата од март, кога беше елиминиран од Лојд Харис во првото коло во Катар. Вимблдон започнува на 28 јуни и тоа е единствениот Гранд слам што Вавринка не успеа да го освои, тој двапати стигна до четвртфиналето на турнирот на трева, но ништо повеќе од тоа не успеа да направи.

Вавринка во моментов е 24-ти на АТП-листата, а во својата кариера го освои Австралија опен во 2014 година, потоа Ролан Гарос следната година и УС Опен во 2016 година.

Се вчитува...