Повторно ја одложува пензијата: Раниери нов селектор на Италија

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина минал разговор од 1 час со Клаудио Раниери за можноста да биде нов селектор на Италија.

Ветеранот најверојатно прифатил да го преземе кормилото, но за таа цел треба да преговара со Рома, каде што искусниот тренер во иднина треба ја врши работата советник во клубот, откако беше тренер во вториот дел од минатата сезона.

И покрај тоа што објави пензија, сепак, Раниери на повик од Рома се реши да го прифати предизвикот. Сега одново најавуваше пензија од тренерската работа, но повторно ќе ја одложи пензијата, за да биде селектор на Италија.

Тој е најсериозниот кандидат, откако Италија се реши да му врачи отказ на Лучијано Спалети по катастрофалниот настап на ЕВРО 2024 година минатата година, како и по катастрофата од Норвешка од 3-0 пред неколку дена. Спалети вечерва против Молдавија за последен пат ќе ја предводи Италија.

Се вчитува...