Повторно катастрофална одбрана, Вардар со минус три на полувреме со Елверум

Вардар има негатива на полувреме против Елверум од 20-17 во вториот натпревар против норвешкиот тим во Лигата на шампионите. И покрај солидниот настап во нападот, повторно катастрофална беше играта во одбрана, бидејќи избраниците на Стевче Алушовски на противникот му дозволија за 30 минути да постигне 20 гола.

Во првите десет минути во натпреварот се играше во „егал“, по што Вардар прв дојде до поголема предност од три гола (6-9). Следуваше серија на госитите од 4-1, по која го вратија водството и поведоа со 11-10. Следуваше повторно слаба игра на „црвено-црните“, а во 24. минута за првпат имаа и негатива од три гола 16-13. Следеа нови грешки на играчите на Вардар, а гостите со играч помалку стигнаа и до плус четири (18-14). До крајот на првите 30 минути македонскиот шампион успеа да намали еден гол од разликата и на пауза да замине со негатива од 20-17.

Тимур Дибиров со шест гола е прво име во таборот на Вардар, додека кај Елверум, Ендре Лангас и Пујол постигнаа по четири гола.

Се вчитува...