Повторно корона во Веспрем – не може да патува во Барселона

Дерби-дуелот од новото коло во ракометната Лига на Шампионите меѓу Барселона и Веспрем ќе биде одложен по новите случаи на коронавирус во таборот на унгарскиот првак.

Тестирањата пред патувањето за Шпанија донеле нови проблеми за тренерот Давид Дејвис, откако било утврдено дека заразени од коронавирус се играчот Патрик Лигетвари и еден член на стручниот штаб на Веспрем. Согласно унгарските закони, сега целиот тим на Веспрем заминува во карантин. В четврток врз Дејан Манасков и соиграчите ќе бидат извршени нови тестови, а доколку сите се негативни, од петок ќе можат да се вратат на тренинзи.

Во секој случај, не постои никаква шанса експедицијата на унгарскиот првак да отпатува за Барселона за дуелот в четврток, па се очекува ЕХФ утре и официјално да го одложи овој натпревар.

Се вчитува...