Повторно навивачки нереди во Франција: Навивачите на Ленс влетаа на терен желни за пресметка со гостинските навивачи (ВИДЕО)

Нови навивачки нереди го одбележаа и 6. коло од француската Лига 1. Во дербито на колото, Ленс славеше со 1-0 против шампионот Лил, но се мина во сенка на навивачките случувања.

На полувремето гостинските навивачи фрлаа тврди предмети и пиротехнички материјали кон домашните навивачи по што домашните навивачи на Ленс втрчаа на терен и тргнаа за пресметка со гостите. Дојде до судири а поголеми инциденти спречи полицијата.

Токму поради инцидентите доцнеше и продолжението на натпреварот, а пред да продолжи дуелот и припадници на специјалните француски полициски сили се наместија пред навивачите на Ленс.

Единствениот погодок на мечот го постигна Франковски во 74. минута. Тоа беше прва победа на Ленс во меѓусебните дуели во последните 15 години.

Се вчитува...