Повторно пораз за Металург во СЕХА, загуби и на гостувањето кај Нексе

Македонскиот ракометен вицепрвак, Металург останува само на една победа во СЕХА лигата откако во дуелот од 12.коло загуби на гостувањето кај Нексе со 26-23. За тимот на Данило Брестовац ова е 10. сезонски пораз и со само четири бода останува далеку зад речиси сите екипи на табелата, на претпоследната позиција, подобар само од Извиѓач.

Металург попушти во финишот на второто полувреме кога Нексе се стабилизираше на два гола предност со кои и отиде на полувремето. На почетокот од вториот дел, хрватскиот состав го направи клучниот чекор кон победата, во 37 минута побегна на плус четири, а во 40 минута и на пет гола предност.

Од средината на полувремето кога Нексе имаше и предност од шест гола, враќањето за Металург беше многу тешко иако нашиот клуб успеваше да ја намали разликата за половина.

Гонзало Рибеиро со пет гола беше прв на листата стрелци кај Металург, Анте Токиќ постигна четири гола, по трипати успешно реализираа Мартин Серафимов и Александер Шпенде. Никола Даниловски имаше девет одбрани.

Следниот натпревар на Металург во СЕХА лигата е веќе во вторник кога македонскиот тим гостува кај Извиѓач. Вториот наш претставин во регионалното натпреварување, лидерот на табелата и бранител на трофејот, Вардар утре се среќава со Стеауа.

Се вчитува...