Навивачите во Германија, повторно на неколку минути прекинаа натпревар во Бундеслигата фрлајќи тениски топчиња на теренот за да го изразат своето незадоволство, па така беше и на дуелот Баер Леверкузен – Фрајбург.
Овој пат, гостинските навивачи на самиот почеток на мечот предизвикаа прекин, по што мораше да интервенира тренерот на Фрајбург, Јулијан Шустер, кој дојде пред трибината и побара да го прекинат „перформансот“.
📸قام جمهور فرايبورغ المتنقل الى ليفركوزن برمي كرة تنس الى ارضية الميدان للإحتجاج مما ادى إلى توقف اللقاء مؤقتًا.
#B04SCF https://t.co/oF5zTJKuNS
— BUNDESLIGA ZONE (@BUNDZONE) October 18, 2026
Откако натпреварот продолжи, Фрајбург поведе во 14-та минута со голот на Шерхарт, но радоста на гостите траеше само пет минути бидејќи Маза го израмни резултатот.
Во второто полувреме, пресвртот на Баер го донесе Патрик Шик со голот во 76-та минута.
Со поразот, Фрајбург ја загуби лидерската позиција на табелата и сега е третопласиран со 13 бодови, колку што има и Баер Леверкузен, додека на првите две места се Баерн и Борусија Дортмунд со по 14 освоени бодови по шест кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
