Повторно пропадна трансферот на Манџукиќ во Катар

Трансферот на Марио Манџукиќ во катарски Ал Духаил се чинеше како завршена работа, но последните информации велат дека хрватскиот голгетер сепак нема да се пресели во оваа далечна земја. Имено, „Супер Марио“ отпатува за Доха на финални разговори и потпис, но во последен момент се премисли и реши да ја одбие понудата на Ал Духаил.

Италијанските медиуми тврдат дека причината е „несогласувања околу личните услови во договорот“, по што Манџукиќ пресекол и решил наместо за Катар, сега да размислува за понуди од клубовите ширум Европа кои се интересираа за неговите услуги. Тие понуди финансиски не се на истото ниво како онаа на Ал Духаил, но „Супер Марио“ би останал на „Стариот континент“ и би докажал дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Манчестер Јунајтед е подготвен да му даде договор на две и пол години, истото важи и за Милан, па останува да се види каква ќе биде конечната одлука на Манџукиќ. Едно е сигурно, Хрватот што поскоро ќе си замине од Јувентус откако сезонава не само што не одигра ниту еден натпревар, туку беше целосно изолиран од првата екипа на „старата дама“.

Се вчитува...