Повторно труење со храна во Академијата на ФФМ: 11 деца и физиотерапевт под лекарски третман

Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и на Агенцијата за храна,  во текот на вчерашниот ден ја затвориле кујната „Галакујна“ од Скопје поради сомнеж за труење со храна на 11 млади фудбалери и еден физиотерапевт, дел од Академијата на Фудбалската федерација на Македонија.

Како што информираа од ДСЗИ, сите лица побарале помош во ПЗУ Медика пријавувајќи болки во стомакот и дијареја, дел од продоувајќи и под посебен лекарски третман.

„Галакујна“, според информациите од ДСЗИ, сега е затворена поради сомнеж за алиментарна токсоинфекција од храна конзумирана таму. Дополнително ќе бидат во јавноста презентирани резултатите од испитувањата и соодветните понатаму евентуални санкции за кујната која доставува храна за Академијата на ФФМ.

Ова е второ труење со храна на деца кои се дел од Академијата на ФФМ. Исто така и во август минатата година седум деца на возраст од 13 до 15 години добија симптоми на акутно труење од храна која ја консумирале во трпезаријата на Фудбалската федерација на Македонија, а храната била обезбедена од кетеринг-служба на ДПТУ Форцашпед ДООЕЛ Скопје – подружница „Галакујна“.

Се вчитува...