„Поздрав“ од битолчани: РК Вардар и Комити, неуспешен брак (видео)

Битолските навивачи им даваат безрезервна поддршка на ракометарите на Еурофарм Пелистер на вечното дерби со Вардар, на кое „пелистерци“ не смеат да загубат ако сакаат да си ги задржат шансите за титулата.

Не изостанаа ниту „пецките“ меѓу навивачките групи, па на трибината на „Чкембари“ се појави транспарент со порака до „Комити“.

„Комити и РК Вардар, неуспешен брак, играте со Пелистер, вие в сала пак“, гласеше пораката на битолчани до лутите ривали од Скопје.

Се вчитува...