Комесарот на НБА лигата Адам Силвер информираше дека по состанокот со сопствениците на клубовите во лигата договорено е рестартот да се случи на 31. јули. Се уште не е потврдено каде ќе биде продолжението, но како први опции се наведуваат Дизниленд во Орландо или Лас Вегас. Со оваа одлука веќе се информирани гувернерите во САД, а се уште доколку се среди останува опција натпреварите да се играат во градовите во кои се домаќини клубовите, но пред празни трибини.
За потсетување НБА лигата беше суспендирана на средината на март кога позитивен на коронавирус беше центарот на Јута Џез, Руди Гобер.
Adam Silver and the NBA league office have informed the Board of Governors that July 31 is a target date to resume play, per @ShamsCharania pic.twitter.com/dCUavj2tVO
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА