Познат датумот за стартот на новата сезона во Премиер-лигата

Сезоната 2020/2021 во англиската Премиер-лига ќе стартува на 12. септември, официјално потврдија од ЕФЛ. Најдобрите фудбалери во светот ќе имаат нешто повеќе од еден месец пауза по завршувањето на тековната сезона кое ќе се случи оваа недела.

Сепак, дел од клубовите од Англија и во месец август ќе имаат обврски во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а доколку некој од тимовите стигне до некое од финалињата во европските натпреварувања, тој клуб ќе има нешто помалку од еден месец за да се подготви за новата кампања.

Сезоната 2020/2021 е планирана да заврши 23. мај следната година, како би се оставило доволно време за репрезентациите да можат да ги подготват своите фудбалери за настап на Европското првенство.

Се вчитува...