Садио Мане вчера изненади многумина со одлуката да си замине од Ливерпул по завршувањето на сезоната. Сенегалецот веднаш по поразот во финалето во Лигата на шампионите на челниците на Ливерпул им соопштил дека нема да продолжи со „црвените“ и дека му треба нов предизвик.
А, новиот предизвик за Мане веројатно ќе биде Германија, и тоа дресот на најтрофејниот Баерн Минхен. Доаѓањето на Мане ќе значи и заминување на Левандовски, кој е блиску до Барселона.
Токму од Барселона ќе дојде замената на Сенегалецот во Ливерпул. Јирген Клоп веќе има намера да го ангажира Усман Дембеле како замена на Мане на „Енфилд“. Ливерпул би го добил Дембеле бесплатно, а и на него добро ќе му дојде промена на средината, со оглед дека имаше многу проблеми во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА