Севиља го договори новиот тренер

Поранешниот тренер на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил, е блиску до преземање на функцијата менаџер на Севиља , објави „АС“ . Двете страни преговараат веќе неколку дена, но разговорите денес влегоа во последната фаза и се очекува да бидат завршени утре.

Андалузискиот тим има и нов спортски директор во лицето на Антонио Кордон, а токму по неговото назначување беше постигнат значителен напредок во разговорите. Се очекува Алгуасил да потпише договор за две или три сезони. Изданието додава дека тренерот веќе одбил неколку други понуди, од кои некои со прилично висока плата.

Иманол Алгуасил беше на чело на Реал Сосиедад седум сезони и успеа да го освои Купот на Шпанија во 2023 година.

Се вчитува...