Познат е освојувачот на „Златната топка“?

Реноминираниот „Франс фудбал“ минатата седмица го објави поширокиот список на кандидати за „Златната топка“ кој брои 30 фудбалери. По шеснаесетти пат на листата на главни фаворити за добивање на престижното признание се најде Кристијано Роналдо.

Според италијанските медиуми Португалецот е првиот фаворит за освојување на наградата пред Лионел Меси и Вирџил ван Дајк. Претходните денови делегација на „Франс фудбал“ била во Торино каде имала состанок со Роналдо на кој присуствувал и спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Тој во кариерата досега пет пати ја освојуваше „Златната топка“ во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017, a церемонијата на прогласување е закажана за 2. декември.

Се вчитува...