Познат е списокот на можни наследници на Куман

Барселона мака мачи на почетокот на сезоната. Каталонскиот тим по четири одиграни натпревари во шпанското првенство се наоѓа на седмата позиција на табелата со осум освоени бода, а притоа доживеа и тежок пораз од Баерн Минхен на отварањето на Лигата на Шампионите.

Поради тоа Роналд Куман се наоѓа пред отказ. Холанѓанецот ја нема поддршката од навивачите, медиумите, а ниту од претседателот на клубот Жоан Лапорта поготово колку се знае дека играчката легенда седна на тренерската клупа за време на мандатот на Баромеу.

Сега шпанските медиуми го објавија и списокот на наследници кој е составен од: Чави, Андреа Пирло, Антонио Конте, Филип Коку и Јоаким Лев. Од нив само Чави во моментов е со ангажман во Ал Сад, додека другите се слободни да седнат на клупата на великанот.

Сепак проблем за Барселона во случај на промена на тренерското место е дополнителниот финансиски трошок кој каталонците ќе го имаат во случај на врачување на отказ на Куман. Имено, според договорот кој го има Холанѓанецот од ваква одлука ќе заработи 14 милиони евра.

Се вчитува...