Познат иницијаторот на инцидентот на „Стемфорд бриџ“: Вториот помошник на Сари го испровоцира Мурињо… (ВИДЕО)

Челси и Манчестер јунајтед ги поделија бодовите (2-2) на „Стемфорд бриџ“ во Премиер лигата. Челси дојде до бод со гол во 96. минута од средбата.

Па, очекувано од клупата на „сините“ еуфорично го дочекаа голот за израмнување во последните секунди. Но, вториот помошник на Маурицио Сари, Марко Ијани крајно неспортски го прослави голот минувајќи пред клупата на Манчестер јунајтед и дофрлувајќи кон Мурињо…

Ијани, потоа во трк избега кон соблекувалните на „Стемфорд бриџ“… А, Мурињо останаа да го смируваат од неговата клупа…

Се вчитува...