Познат наградниот фонд на Австралија опен

Првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен поради пандемијата од коронавирусот годинава ќе почне покасно од предвиденото, односно на 8. февруари. Организаторите го објавија и наградниот фонд ќе биде значително намален поради целата криза.

Победникот место минатогодишните 4.120 милиони австралиски долари ќе добие 2.750 милиони. Разликата во сумата е тоа што успеа борбата на Новак Ѓоковиќ послабо рангираните тенисери да добијат поголема награда од минатогодишната, односно елиминацијата во првите кола ќе биде за 10 илјади долари повисока од претходните сезони.

Титулата во машка конкуренција од минатата сезона ја брани Новак Ѓоковиќ, додека кај дамите трофејот го освои Софија Кенин.

Се вчитува...