Познат наследникот на Конте во Наполи

Фудбалските сезони завршија во сите пет најдобри лиги, па почна и промената на тренерите кај најсилните европски клубови.  Една од нив пристигна во Наполи каде што Антонио Конте, тренерот кој го водеше клубот до титулата претходната сезона, одлучи да ја напушти клупата поради спор со претседателот Аурелио де Лаурентис.

Така, неговото место остана празно, а веќе започнаа шпекулации за тоа кој тренер би можел да седне на клупата на наполитанците. Според инсајдерот Николо Скира, баскискиот тренер Андони Ираола му е понуден на Наполи.

Ираола целосно го воодушеви фудбалскиот свет оваа сезона бидејќи го освои шестото место во Премиерлигата со Борнмут и во целата 2026 година не загуби во елитниот ранг. Лигата на шампионите за малку му избега бидејќи Ливерпул и Манчестер сити не победија во последното коло, па шестото место не доведе до пласман во елитното фудбалско натпреварување.

Сепак, шестото место носи пласман во Европската лига и тоа ќе биде прва европска авантура во историјата за Борнмут.

Се вчитува...