Познат почетниот состав на Шкендија: Тотре стартер против Тракаи, се враќа и Жуниор

Шкендија со офанзивна формација ќе го започне мечот против Тракаи, кој стартува од 18.30 часот на стадионот „ЛФФ“, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот Ќатип Османи му даде доверба на младиот Енур Тотре во средниот ред, на местото на повредениот Штефан Вујчиќ. Меѓу првите единаесетмина се враќа и Стенио Жуниор, кој се опорави од повредата.

Почетниот состав на Шкендија за дуелот со Тракаи е следниотЗахов, Тодоровски, Бејтулаи, Цуцули, Челиковиќ, Алими, Тотре, Радески, Жуниор, Хасани, Ибраими. 

Тракаи ќе настапи во следниот состав: Плукас, Боровскиј, Јанушевскис, Климавичиус, Вакили, Воробјовас, Шишка, Шиленас, Биченок, Максимов, Дорлеј.

Се вчитува...