Фудбалската федерација на Белгија нема да ја продолжи соработката со Руди Гарсија и бара нов селектор.
Белгиските медиуми пренесуваат дека Федерацијата го гледа Марк ван Бомел како најдобар кандидат и дека токму Холанѓанецот би требало да го замени Руди Гарсија, чиј мандат истече по Светското првенство.
Во Белгија сакаат што поскоро да ангажираат нов селектор, а Ван Бомел е еден од главните кандидати, со оглед на тоа што ужива голем углед во земјата. Како тренер на Антверпен во 2023 година, Ван Бомел ја освои титулата белгиски шампион. Тоа беше прва титула за Антверпен по 1957 година и му донесе култен статус на Ван Бомел во земјата, особено што тимот под негово водство ја освои и „двојната круна“ и белгискиот Суперкуп.
Интересот на Федерацијата беше потврден од неколку извори, но самиот Ван Бомел се уште не сака јавно да се изјаснува за тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
