Познат распоредот и за ВТА сезоната

Женската тениска асоцијација (ВТА) го објави распоредот за стартот на новата сезона. Познато е дека дамите ќе стартуваат со турнирот во Абу Даби кој на програмата ќе биде од 5. до 13. јануари.

На 10. јануари ќе почнат квалификациите за Австралија опен кои годинава поради пандемијата од коронавирусот ќе се играат во Дубаи. На 1. февруари ќе има два турнира во Мелбурн кои ќе бидат подготавка за првиот грен-слем во сезоната кој почнува на 8. февруари.

 

Се вчитува...