Познат распоредот: МЗТ има отворен пат кон финалето на АБА2

Младост Земун славеше над Сутјеска во последниот натпревар од регуларниот дел од  сезоната во АБА2-лигата, по што веќе е познат и распоредот на натпревари за завршниот турнир од регионалното натпреварување, што од  13 до 17 април ќе се одржи во Скопје.

МЗТ Скопје ќе ја има улогата на домаќин, но и на „прв носител“,што на „металците“ во четвртфиналето им носи дуел со Сутјеска. Црногорците го изненадија македонскиот првак со победа од 56-55 во  лигашкиот дел, но јасно е дека квалитетот е на страната на аеродромци, кои зад себе ќе имаат и поддршка од трибините.

МЗТ потоа во полуфиналето би се сретнал со победникот од мечот Спарс – Широки Бријег, ривали што „сино-белите“ рутински ги добија на претходните турнири (87-77 против Спарс и 91-78 против Широки).

За потсетување, само победникот на завршниот турнир од АБА2 лигата обезбедува директен влез во елитата, додека поразениот финалист ќе игра бараж против претпоследниот тим од АБА1.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МЗТ Скопје – Сутјеска

Хелиос – Златибор

Борац Бања Лука – Младост Земун

Широки Бријег – Спарс

Се вчитува...