Познат распоредот на натпреварите за Лигата на нации: Почнуваме и завршуваме со Ерменија

УЕФА го утврди комплетниот распоред на натпреварите од Ц Лигата на нации во која Македонија е во група со Грузија, Естонија и Ерменија.

Согласно распоредот, македонската репрезентација своите натпревари ги почнува на 5. септември оваа година со натпреварот на домашен терен против Ерменија, а веднаш потоа веќе на 8. септември гостуваме на Грузија. Натпреварите завршуваат во ноември, во последниот натпревар на 16. ноември гостуваме на Ерменија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ЛИГА НАЦИИ
05.09.2020: МАКЕДОНИЈА – Ерменија (15 ч.)
08.09.2020: Грузија – МАКЕДОНИЈА (18 ч.)
08.10.2020: Естонија – МАКЕДОНИЈА (20:45 ч.)
11.10.2020: МАКЕДОНИЈА – Грузија (18 ч.)
13.11.2020: МАКЕДОНИЈА – Естонија (20:45 ч.)
16.11.2020: Ерменија – МАКЕДОНИЈА (18 ч.)

Се вчитува...