Познат распоредот на Вардар во ЛШ – „Црвено-црните“ почнуваат со гостински дуел против Елверум

Ракометарите на Вардар 1961 ги добија противниците за новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе бидат во групата Б заедно со Пик Сегед, Кил, Алборг, Монпеље, Мешков Брест,  ППД Загреб и Елверум. Одисејата во новата сезона од елитното натпреварување Вардарци ќе ја почнат со гостински дуел против норвешкиот Елверум кој ќе се игра на 15. или 16. септември сезонава, а групната фаза ќе ја завршат на 9. или 10. март со истиот противник на домашен терен.

Сепак, се уште е под знак прашалник учеството на Вардар во елитното натпреварување бидејќи македонскиот шампион е под истрага на ЕХФ поради промената на името и неисполнетите обврски на минатото раковдство.

Вардар ќе мора да остави депозит од 1 000 000 евра во две рати. Првата до 13. јули и втората до 27. јули. Доколку не го направи тоа Вардар ќе го изгуби своето место во Лигата на шампионите, а на негово место ќе влезе словенечкиот Горење Велење.

 

Лига на шампиони, распоред на натпревари:

1. коло (15/16.09) Елверум – Вардар

2. коло (22/23.09) Вардар – Мешков Брест

3. коло (29/30.09) Загреб – Вардар

4. коло (13/14.10) Вардар – Монпелје

5. коло (20/21.10) Алборг – Вардар

6. коло (27/28.10) Вардар – Кил

7. коло (17/18.11) ПИК Сегед – Вардар

8. коло (24/25.11) Вардар – ПИК Сегед

9. коло (01/02.12) Кил – Вардар

10. коло (08/09.12) Вардар – Алборг

11. коло (16/17.02) Монпелје – Вардар

12. коло (23/24.02) Вардар – Загреб

13. коло (02/03.03) Мешков Брест – Вардар

14 коло (09/10.03) Вардар – Елверум

Се вчитува...