Познат распоредот: Почнуваме со Словенија, завршуваме со Белорусија

Македонската ракометна репрезентација го знае и распоредот на натпревари за главната фаза од СП 2021, по епилогот во групата Х во која Словенија во последното коло ја совлада Белорусија и го освои второто место.

Токму Словенците, предводени од Јанц, Зарабец, Бомбач… ќе бидат наши први противници во втората групна фаза, дуел што е закажан за 20 јануари (среда) во 20.30 часот. Два дена подоцна, македонските ракометари ќе се сретнат со Русија, која иако подмладена прикажува одлични игри на овој шампионат, бележејќи две победи и едно реми во првите три меча во Египет.

Настапот на СП 2021 македонските репрезентативци ќе го завршат со дуел против Белорусија, меч што на програмата ќе биде на 24 јануари.

Шведска како лидер ќе влезе во оваа група, единствена репрезентација со максимални четири бода, Русија ќе пренесе три бода, Египет и Словенија по два, Белорусија еден бод, а Македонија без бодови ќе влезе во главната фаза од СП 2021.

Се вчитува...