Ракометарите на Работник својата авантура во групната фаза од ЕХФ-купот ќе ја стартуваат со најтешката можна задача, гостување во Германија против екипата на Хановер.
ЕХФ експресно го објави и целокупниот распоред на натпревари за групната фаза, па така „фармацевтите“ од Битола во првото коло ќе му гостуваат на носителот на групата, меч што е закажан за 9 или 10 февруари. Седум дена подоцна Работник ќе го игра првиот домашен натпревар, против Татабања, по што ќе следи двомеч со Нексе. Ракометарите на Хановер ќе пристигнат во Битола на 23 март, а на крајот од март 2019 година групната фаза ќе се комплетира со гостувањето на македонскиот претставник во Унгарија, на мегдан со Татабања.
Според пропозициите, само победникот во групата ќе игра на завршниот турнир во Магдебург на 19 и 20 мај 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА