Познат распоредот во Бундеслигата: Баерн почнува од Франкфурт, берлинско дерби на стартот

Денеска е извлечен распоредот во Бундеслигата. На стартот шампионот Баерн Минхен гостува кај актуелниот освојувач на Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт. Борусија Дортмунд игра против Баер Леверкузен, додека на стартот е берлинското дерби меѓу Унион и Херта.

Дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен е на програмата во 9. коло и ќе се игра од 7 до 9 септември.

Во првиот дел од сезоната Германците ќе одиграат 15 кола, пред Мундијалот во Катар. Следната година ќе се продолжи од 16. коло. Бундеслигата завршува на 14. мај.

Целиот распоред во Бундеслигата на следниот ЛИНК.

Се вчитува...