Познат системот за квалификациите за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација која играше финален бараж за пласман на СП 2022 во Катар лани во март, го дозна патот кон идното прво проширено Светско првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави системот на европските квалификации кои ќе бидат различни од претходните години.

Европа за првото проширено СП со 48 селекции доби само три дополнителни места па наместо досегашните 13 европски селекции ќе играат 16.

Сите првопласирани ќе добијат директна виза, додека второпласираните како и за изминатиот Мундијал ќе одат во плејоф фаза во која преку полуфинале и финале во март 2026 година ќе се борат за дополнителните места.

Новитет е тоа што ќе има повеќе групи со помалку екипи, па наместо досегашните десет групи, сега ќе има 12 групи со по четири или пет селекции.

Се вчитува...