Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Англија во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Meдиумите на островот веќе шпекулираат со можниот тим со кој вечерва Герет Саутгејт ќе истрча на мечот со Македонија.
Очигледно Саутгејт нема многу да експериментира на овој меч. На голот ќе се најде Пикфорд, а во одбраната друштво на Мегваер ќе му прави Гуеи. На бековските позиции ќе стартуваа Вокер и Луис. Во средниот ред покрај Деклан Рајс ќе се најдат и Арнолд и Филипс, додека во нападот друштво на Хари Кејн ќе му прават Сака и Грилиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА