ПОЗНАТ СОСТАВОТ ЗА МЕГДАН ПРОТИВ АНГЛИЈА: Идентично како и против Украинците, само Велковски место Муслиу

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација во ист стил и со идентична тактичка формација како од натпреварот против Украина ќе се спротистави на Англија вечерва од 20:45 часот на „Олд Трафорд“ во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024.

Задоволен од начинот на кој се одигра првото полувреме против Украинците, селекторот Милевски стартува со идентичните 11 од Скопје, со исклучок на суспендираниот Висар Муслиу на чие место како што се очекуваше од првата минута ќе игра Дарко Велковски.

Се вчитува...