Познат е стартниот состав на македонската репрезентација за пријателскиот натпревар против Летонија, кој од 18 часот почнува на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски се одлучи за максимално офанзивен состав, преку кој од првата минута ќе се атакува на победата против Летонците.
Во формацијата 4-3-3 во нападот ќе бидат Растодер, Чурлинов и Милан Ристовски, а веднаш зад нив во средниот ред со Барди, Алими и Костадинов.
Во почетните 11, од досега стандардните ќе ги нема Елмас и Миовски во нападот.
Во одбраната ќе бидат Ашковски, Серафимов, Стојчевски и Бојан Илиевски на десната бековска позиција, а на голот сосема очекувано Столе Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

