Позната листата за „шопинг“ на Јувентус: Шест офанзивци и еден стопер

Јувентус сезонава беше доминантен во Серија А, но ниту доаѓањето на Кристијано Роналдо не помогна да се стигне до посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Па, поради тоа „Старата дама“ ја чека ремонт. Веќе е позната и листата на фудбалери кои Јувентус планира да ги донесе во летниот преоден рок.

Рабио, Ндомбеле, Иско, Погба и Хамес Родригез се фудбалерите за врски кои Јуве планира да ги купи, а тука е и Матијас де Лигт, стоперот на Ајакс кој е посакуван и од страна на Барселона.

И за „црно-белите“ е сосема јасно дека овие фудбалери се „побарувана роба“ на пазарот па нема да биде лесно да се доведат. Се поставува и прашањето зошто е желбата да се доведат баш сите тие кога е познато дека веќе пристигнува и Арон Рамзи од Арсенал. Но, факт е дека ќе има и заминување од клубот.

Се вчитува...