Кошаркарите на Денвер во следната сезона очигледно сепак ќе бидат предводени од Дејвид Аделман. И покрај катастрофата и елиминацијата во првото коло од плејофот, локалните медиуми објавуваат дека Аделман ќе добие нова шанса.
Аделман ги предводеше Нагетсите до 54 победи во регуларната сезона со 28 различни почетни состави поради проблеми со повреди. Експертот од Орегон го презеде тимот по отпуштањето на Мајкл Мелоун пред минатогодишниот плејоф, каде што Нагетсите беа елиминирани од Оклахома во полуфиналето на Западот. И покрај неуспехот оваа сезона, Аделман очигледно не ги потрошил сите „кредити“ кај раководството на Нагетс.
Денвер исто така подготвуваат и нов договор за својот најдобар кошаркар Никола Јокиќ кој ќе биде вретен 278 милиони долари, после кој српскиот кошаркар многу веројатно ќе ја заврши кариерата во овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
