Позната цената за Фабиан Руиз, Реал спремен да почне преговори со Наполи

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз. 25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Фабиан Руиз на лето влегува во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид, бидејќи Анчелоти одлично го познава Шпанецот и верува дека ќе биде долгорочна замена за Модриќ.

Наполи за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Реал Мадрид е спремен да ја плати.

Се вчитува...