Познати четвртфиналистите во сите генерации од Детската лига на ФФМ

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје беа одиграни осминафиналните натпревари од финалниот турнир во ФФМ – Детските лиги за сезона 2018/19 во категории 2006-2010.

Турнирот го отвори координаторот на лигите, Кочо Димитровски кој ги поздрави присутните, им посака многу успех, и ги потсети дека ја работат најблагородната работа со која сите треба да бидеме горди. Учествуваа 80 екипи и 1300 фудбалери.

Комплетните резултати од осминафиналните натпревари, како и распоредот за четвртфиналните и полуфиналните натпревари, кои се на програмата денеска, кога ќе учествуваат 48 екипи во сите шест категории може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...