Францускиот тениски турнир познат како Ронал Гарос ќе се игра од 30 мај до 13 јуни, а денес беше одржана ждрепката за дуелите и распоредот на тенисерите учесници. Вистински пекол го чека Новак Ѓоковиќ бидејќи ќе мора да ги победи двата најголеми ривали на патот до финалето.
Српскиот тенисер би можел да игра против Роџер Федерер во четвртфиналето, а против Рафаел Надал во полуфиналето. Матео Беретини, Андреј Рублев и минатогодишниот полуфиналист Диего Шварцман се исто така дел од противниците на Ноле.
Во втората половина на ждрепката се преостанатите фаворити за освојување на титулата, а меѓу нив се наоѓаат Даниел Медведев, Доминик Тим, Стефано Циципас и Александар Зверев.
Roland Garros men’s singles draw pic.twitter.com/MLTVRxgXHd
— Michal Samulski (@MichalSamulski) May 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА