Познати двојките и термините за полуфиналните дуели од ЛШ

По триумфот на Лион против Манчестер сити, познати се двојките и термините за полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

Првото полуфинале на распоред е во вторник, 18. август. На стадионот „Ла Луж“ од 21 часот ќе се соочат Лајпциг и ПСЖ.

Второто полуфинале се игра во среда, 19. август. Баерн Минхен и Лион ќе играат исто така од 21 часот, но на стадионот „Хозе Алваладе“.

Големото финале во Лигата на шампионите на програмата е на 23. август на стадионот „Ла Луж“.

Се вчитува...